Српските медиуми пишуваа дека повредениот полицаец во приватен разговор признал дека го удрил колега: Баќиќ се огласи од болница со објаснување

2072
Foto: Screenshot/Facebook/Instagram

Српскиот полицаец Лазар Баќиќ кој беше повреден на протестите во Белград, во судир меѓу полицијата и студентите при блокада на зградата на РТС, сега зборуваше ексклузивно за Pink.rs и објасни низ каква агонија поминал.

– Синоќа при распоредувањето имав задача со мојата единица ненасилно да влезам во зградата на РТС и да ја обезбедиме одвнатре, при што единицата беше запрена и нападната, а јас добив неколку удари во пределот на телото и главата. Од силата на еден удар, за кој мислев дека е метален предмет, пендрак, веднаш изгубив свест – рече Баќиќ и продолжи:

– Верувам дека само темелна истрага ќе доведе до утврдување на точните факти. Морам да кажам и дека многу ми е жал што мојот разговор, кој го имав со сопругата на мојот колега во пензија, беше злоупотребен, а зборовите ми беа извадени од контекст и тоа додека бев во постоперативна состојба и трпев силни болки – изјави Баќиќ.

Тој во оваа прилика им се заблагодари на сите кои изразија загриженост за неговото здравје, особено на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на министрите, на неговите постари и на лекарите.

ИЗДВОЕНИ