„СРПСКИОТ ВИТЕЗ“: Новак Ѓоковиќ доби фантастичен мурал во Белград/ФОТО

1513
EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Новак Ѓоковиќ е најпопуларниот спортист во регионот, а денеска доби уште еден мурал во главниот град на Србија – Белград.

Новак Ѓоковиќ има освоено 24 Грен слем трофеи, на секој Мастерс турнир најмалку два пати, а од летово е горд сопственик и на златен медал на Олимписките игри.

Ликот на Новак е нацртан на српското знаме, а Ѓоковиќ во раката држи златен олимписки медал. Делото е украсено и со цитат од Милош Обилиќ.

– Српски витез. Вакви што сме денес, ќе бидеме засекогаш – пишува на муралот насликан во основното училиште „Алекса Шантиќ во Калуѓерица.