Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка: Целата влада е во технички мандат

35

Девет месеци по формирањето на српската влада и три месеци по уривањето на настрешница во Нови Сад, во која загинаа 15 лица и предизвика бран протести и студентски блокади, премиерот Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.

Со оставка на премиерот завршува и мандатот на целата влада.

Вучевиќ рече дека поднесува оставка по нападот врз студентите во Нови Сад и дека имал долг разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, додаде, има разбирање за неговите аргументи.

Вучевиќ го осуди нападот врз студентите и на повреденото девојче и посака брзо закрепнување, наведувајќи дека на нејзино барање е пуштена од болница.

Тој додаде дека е уверен оти полицијата брзо ќе го реши случајот и ќе ги фати напаѓачите. Тој најави и дека оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Сметаме дека објективно сме одговорни за она што се случи и затоа поднесуваме оставка“, рече Вучевиќ.

Поранешен член на Српската радикална партија, а сега лидер на владејачката Српска напредна партија, тој беше назначен за премиер по парламентарните избори во декември 2023 година, чија регуларност беше оспорена од некои меѓународни организации и опозициски партии.

Во Нови Сад, родниот град на Вучевиќ, чиј градоначалник беше тој, се случи голема трагедија на 1 ноември 2024 година, кога се урна настрешница на железничка станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

ИЗДВОЕНИ