Српскиот град Чачак истакна македонски знамиња на сите ЛЕД екрани и интерактивни дисплеи низ градот

377

Градот Чачак денеска истакна македонски знамиња на сите ЛЕД екрани и интерактивни тотеми со кои управува градот во знак на солидарност и сочувство во тага со граѓаните на Македонија по трагедијата во градот Кочани, кога загинаа 59 лица, пренесе Еуро њуз Србија.

Помошник-градоначалникoт на Чачак Мирослав Петковиќ за „Танјуг“ изјави дека утре покрај српското знаме, македонското знаме ќе биде истакнато и на сите јавни установи во Чачак.

„Сметаме дека на овој начин најдобро можеме да покажеме колку е тешко и жалиме што се случи таква трагедија. Ова е уште една можност да изразиме длабоко сочувство во името на сите граѓани на градот Чачак во врска со трагедијата што ги погоди нашите пријатели од Северна Македонија“, рече Петковиќ.

Тој додаде дека знамињата на Северна Македонија со црно зеленило ќе останат на ЛЕД екраните и интерактивните тотеми до сабота.

ИЗДВОЕНИ