Голем број светски медиуми се воодушевени од претставата на Ненад Димитријевиќ против Литванија. На мечот, Македонија загуби (94:72) и покрај тоа што нашиот плејмејкер запиша неверојатни 43 поени, односно повеќе од половина од вкупниот број поени.

Српски „Телеграф“ има статија со наслов „Регионот пишува за несуденото засилување на Партизан, Македонците може да бидат горди на ова момче“.

  • Можеби, не успеаја да дојдат до победата, но со својот пристап, тој ги освои срцата на сите љубители на кошарката. Ненад Димитријевиќ е момчето за кое се зборува, иако Македонија беше поразена од Литванија во Клаипеда со 94:72. Популарниот Нено го заврши мечот со 43 поени за 29 минути на теренот и поради повреда, мораше да го заврши порано. Тој се фати за коленото на шест минути пред крајот и потоа беше изнесен од теренот, пишува, меѓу другото, „Телеграф“.