Педесет до осумдесет претставници на студентите од Универзитетот во Нови Сад в среда тргнуваат на пат за Стразбур со велосипеди со цел да го свртат вниманието поради недоволната реакција од надлежните институции во Србија по немилите настани шт се случија во земјата од 1 ноември лани.
Нивното патување за кое објавија рута, се очекува да трае 12 дена.
-Ние сме во постојан контакт со колегите од сите универзитетски градови низ кои поминуваме, за да ја обезбедиме потребната логистичка и морална поддршка. Исто така, сакаме да ги споделиме информациите дека членови на Европскиот парламент ни се обратија, изразувајќи ја својата подготвеност да ни посакаат добредојде, изјавија тие.
Како што наведоа, целта им е да ги информираат странските институции кои имаат можност да дејствуваат по институциите во Србија, за да се направи притисок врз властите. Друга цел би била да се привлече медиумско внимание што треба да резултира со создавање притисок.
Студентите треба да се обратат во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Директоратот за демократија и човеково достоинство и Комитетот на министри. Во ЕУ ќе се обратат пред Европскиот парламент, Европската комисија и Агенцијата за фундаментални права на ЕУ.