Пратеникот Стефан Кркобабиќ, како и претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ изјавија дека за време на денешните инциденти во парламентот, пратеничката Јасмина Каранац била погодена во главата. Хаосот во Народното собрание не стивнува, а пролетната седница беше прекината со фрлање димни бомби, јавуваат српските медиуми.
Кркобабиќ ја повика опозицијата да се врати во собраниските клупи и да разговара.
Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ изјави дека за време на хаосот во собраниската сала, пратеничката Јасмина Каранац се здобила со тешки повреди откако била погодена со шок-бомба во главата.
— nista od saradnje (@rekapitulacija) March 4, 2025
Брнабиќ претходно изјави дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ се бори за живот откако доживеа мозочен удар кога пратениците од опозицијата фрлија шок-бомба врз неа.
Нередите во Собранието се случија кога пратениците од опозицијата, протестирајќи поради усвоениот дневен ред, се упатија кон Брнабиќ, но собраниското обезбедување ги спречи да и се приближат.
После тоа, пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа димни бомби во комората, а силен чад се чувствува и во фоајето на Собранието.
Кој внесол и употребил пиротехнички средства во српското Собрание, ќе истражува обвинителството!