Српската полиција запленила 5.000 литри нелегална ракија: Измамникот додавал ароми во лозова и ја продавал низ Златибор

88
Фото:МВР-Србија

Полицијата во Ужице ќе поднесе кривична пријава против С.К.(46) од Чајетина за недозволена трговија со акцизни производи.

При претрес во семејната куќа на пријавениот во Чајетина и два локали на Златибор, полицијата пронашла и запленила вкупно 5.021,6 литри разни видови ракија кои биле флаширани или во пластични кофи и буриња подготвени за флаширање, како и 10,4 литри разни ароми за ракија.

Според сомневањата, С.К. набавил лозова ракија во Неготинско, која ја разблажувал во подрумот на неговата семејна куќа, додавал разни овошни вкусови, ја флаширал, лепел етикети за типот на ракија и производителот, а подоцна ја продавал во кафеани на Златибор.

Осомничениот немал регистриран бизнис во Агенцијата за деловни регистри и не бил запишан во Регистарот на производители на силни алкохолни пијалоци.

На овој начин пријавениот го оштетил буџетот на Република Србија за околу 300.000 динари.

ИЗДВОЕНИ