Припадници на српското МВР уапсија шест лица осомничени за прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетници.
Како што е најавено, осомничените се обвинети за преземање, складирање и споделување на содржини создадени преку експлоатација на деца за порнографски цели во подолг временски период преку интернет.
Се сомнева дека тие комуницирале со малолетници преку социјалните мрежи користејќи лажни профили, испраќале фотографии и видеа со порнографски содржини и добивале содржини создадени преку експлоатација на деца.
При претрес на становите на осомничените, на компјутери и компјутерска опрема биле пронајдени десетици гигабајти мултимедијални фотографии и видеа создадени со сексуална експлоатација на деца.
Како што се наведува во соопштението, апсењата биле извршени од 3 до 13 март во рамки на операцијата „Армагедон“.
На осомничените А.В,И.М.Д,М.В и М.Ј. им е одредено задржување до 48 часови и тие, со кривична пријава, ќе бидат приведени од надлежното обвинителство, додека Ј.Ј. со крвична пријава, е приведен од надлежното обвинителство.