Српската полиција уапси маж кој им се заканувал на Вучиќ и на Брнабиќ

40

Српската полиција по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград го уапси М.Т. под сомнение дека се заканувал на претседателот на Србија и на други српски политичари, дознава Телеграф.рс.

Тој е осомничен дека преку социјалните мрежи упатувал застрашувачки закани до претседателот, како и до претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

М.Т. е обвинет дека напишал пораки на социјалните мрежи со содржина: „Ќе го убијам татко ти, ќе ја заколам мајка ти, ќе ги мачам братот, синот и ќерката…“.

Уапсениот е осомничен за кривично дело Загрозување на сигурноста.

ИЗДВОЕНИ