Вршителот на должноста директор на српската полиција, Драган Васиљевиќ, на 20 март изјави дека началниците на сите полициски единици поднеле извештаи до обвинителството во врска со наводната употреба на звучен топ на протестот на 15 март.
Тој рече дека во извештаите стои дека „полициските службеници на МВР, или кој било друг припадник на безбедносните служби кои биле ангажирани во тој настан, не користеле таква алатка“, пренесува агенцијата Бета.
„Јавниот обвинител може да побара дополнителни информации. Сѐ што ќе побара од нас ќе му биде достапно многу брзо“, изјави Васиљевиќ за телевизија „Прва“.
Васиљевиќ повтори дека се работи за два акустични уреди „LRAD 100X“ и „LRAD 450XL“ од американскиот производител „Genasys“, кои МУП ги набави во 2021 година.
Тој изјави дека овие уреди имаат повеќе намени и дека нивната примарна цел е да ја засилат гласовната порака и да ја пренесат на што повеќе луѓе на поголеми растојанија.