Среќа до небо за Џос Стоун и нејзиниот сопруг: Само што посвоија бебе, дознаа дека е бремена!/ФОТО

120
EFE/ALEXANDRA WEY

Пред неколку недели, британската пејачка Џос Стоун и нејзиниот сопруг посвоија син, а сега нивното семејство ќе стане уште поголемо – веднаш по посвојувањето, дознале дека е бремена.

Стоун, најпозната по песната „Super Duper Love“, се шокирала кога дознала дека е бремена, само неколку недели откако таа и нејзиниот сопруг посвоиле дете. Двојката има и две биолошки деца.

Во четвртокот вечерта Џос реши сѐ да сподели на своите социјални мрежи. Таа објави серија фотографии на кои држи тест за бременост, изгледа шокирано, а потоа среќно. Таа напиша: „Искрено, зборот ‘шокирана’ не го опишува доволно добро моментот. Никој и ништо не може да ни ја одземе среќата сега.”

Под објавата имаше честитки: „Ви посакувам мирна бременост и добро здравје“, „Колку убаво, доаѓа уште едно бебе!“, „Што повеќе, толку подобро! Можеби овој пат ќе има близнаци? Секоја чест за вас и вашите цело семејство“, напишаа ентузијастичките следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cody DaLuz (@daluzer7)

Џос сопругот го запознала на аеродром
Џос го запознала својот сопруг, поранешниот маринец Коди Далуз, во 2020 година на аеродромот додека се враќала од нејзиниот концерт. Во една прилика раскажала како нејзиниот сопруг, кој исто така бил посвоен, на почетокот на врската и рекол дека сака да посвои куче и да посвои дете. Тоа ја воодушевило и таа веднаш знаела дека тој е оној вистинскиот.

По две биолошки деца, Џос и Коди решиле да посвојат син. Пејачката откри дека целиот процес се одвивал многу брзо, но сепак имало проблеми.

“Отидовме во погрешна болница. Го знаев тоа!” изјави таа претходно. Сепак, сè заврши успешно на крајот, а малиот Беар го помина својот прв Ден на благодарноста со своето семејство.

foto:instagram/jossstone

ИЗДВОЕНИ