Соло прошетка до Скопје направило шестгодишното девојче од Куманово, вчера попладнето, искористувајќи го заморот на нејзината мајка, заминала надвор од домот. Дремката ја чинеше голем стрес 28-годишната мајка, откако забележала дека детето го нема, пријавила во полиција, а дека има исчезнато дете беше објавено и на социјалните мрежи. Според информациите, детето излегло од домот со намера да си игра, но место на игралиштето во населбата завршило во меѓуградски автобус, во кој се качило од постројката од центарот на градот. Гужвата во автобусот најверојатно била причина возачот на автобусот да не ја забележи малечката или, пак, помислил дека е со придружба од возрасен. Така детето се возело само до скопската населба Автокоманда. Случаен минувач кај трговскиот центар „Ист гејт“ пријавил дека има изгубено дете.
– По извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде што била пронајдена од случаен минувач, стои во полициското соопштение.
Од полицијата велат дека ќе се испитува евентуална одговорност кај мајката која несвесно го запоставила детето. За случајот се запознати и во Центарот за социјални грижи во Куманово.