Средствата ќе бидат донирани на болниот Мухамет и на Здружението  на дијабетичари

41

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека во изминатиов период  од хуманитарните паркинзи се собрани 133.000 денари.

Тој истакна дека дел од овие средства, поточно 80.000 денари ќе бидат донирани на 21-годишниот Мухамет Максуд кај кого е неопходна медицинска интервенција поради неговата здравствена состојба.

– Воедно, упатувам апел секој кој е во можност да донира на Мухамет, да може повторно нормално д продолжи да живее – изјави Пецаков.

Останатиот дел од собраниот износ од 53.000 денари, собрани од хуманитарните паркинзи ќе бидат донирани на Здружението  на дијабетичари – Охрид.

– Одлуката за поставување на хуманитарни паркинг простори се покажа дека е повеќе од одлична. Замислата е овој проект во иднина да се надградува – најави Пецаков.