Среде Врање нема лагање: Цеца Ражнатовиќ гордо го развиори македонското знаме од Кутлеш!  

1601

Концерт за кој гласно коментира целиот Балкан! Цеца пред сите ја поздрави девојката која ѝ го донесе знамето, велејќи ѝ: – Јас не знам колку пари тебе те чинат твоите патувања поради моите концерти, но тоа е вистинската љубов што ми ја подаруваш, златна девојко! Потоа Цеца ѝ посвети и една песна што ја испеа заедно со распеаната публика

На богато опремена и украсена сцена настапи брутално модерно облечена, балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, а концертот се случи овој викенд, тука блиску до Македонија, поточно во српскиот град Врање. Сè „пукаше“ од песна, хитови над хитови, врискање, пискање и стискање.  Толку многу публика во претесната „Спортска сала“, Врање не памети. Во еден глас се слушаше распаметената пубика, која на моменти ја фаќаше невидени хистерија што се наоѓаат на концертот на својата сакана Цеца. А, во публиката и голем број фанови на Цеца од нашата Македонија, за која пејачката секогаш има само пофални зборови и од која секогаш носи само најдобри впечатоци. Така и беше на концертот во Врање, Србија.Најемотивниот момент се случи кога мегапопуларната пејачка широко и гордо го развиори старото македонско знаме со сонцето од Кутлеш! Знамето го донесе девојка од Македонија, а на самата сцена на Цеца ѝ го предаде македонскиот пејач Мики Секуловски, попознат како еден од победниците во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Таа девојка е голем фан на српската пејачка и ја следи на сите можни концерти на оваа планета Земја. Жива вистина!

Цеца пред сите ја поздрави девојката, велејќи ѝ: -Јас не знам колку пари тебе те чинат твоите патувања поради моите концерти, но тоа е вистинската љубов што ми ја подаруваш, златна девојко!   Потоа Цеца ѝ посвети и една песна што ја испеа заедно со распеаната публика. Тоа беше врв на концертниот настап, без дилема. Сите сега зборуваат за случката со македонското знеме со сонцето од Кутлеш, за храброста на Цеца да го развие ова знаме кое не е официјално државно, но секако дека е македонско! Инаку, Цеца и овој пат беше одлично сценски облечена без потреба да ја нагласи својата голотија. Во минишорц со црни хулахопки и скапоцен комплет од марката „Balmain“, совршено го истакна нејзиното беспрекорно градено тело.   Но пред сè, секогаш раскошното деколте кое секој пат е за оценката чиста десетка! Веднаш сите забележаа дека пејачката ослабнала околу 10 килограми, дека е на некоја соодветна диета, која не е на принцип на гладување.                                                                                              – Мојата јавна тајна за слабеење е во тоа што секојдневно правам брзо одење на атлетска лента, стационирана во дневната соба. Така го покренувам целиот организам, а потоа кога добро ќе се испотам, одам на пливање во базенот во куќата. И, ето го одличниот резултат, објасни распеаната Цеца, додавајќи дека со нашиот Мики Секуловски продолжува да настапува. – Не само што одлично пее и владее со публиката, тој е плус и многу убаво момче Македонче. Мики е мојот тип на маж, кажа Цеца, и сите присутни дополнително ги расположи, по концертот во Врање.      (Д.М.) фото: архива

 

ИЗДВОЕНИ