Необична приказна е снимена на островот Фергусон (Папуа Нова Гвинеја), каде група научници снимиле птица која не била видена од 1882 година! Овој остров, инаку, претежно е покриен со шума и има три вулкани.
Членовите на експедицијата, предводени од Џон Митермаер и Џејсон Грег, поставија надзорни камери на одредени локации и трпеливо чекаа да се развие ситуацијата. Немаа поим дека нивните напори ќе се исплатат замногу кратко време.
Сè започнало откако жителите на островот рекле дека претходно виделе фазан гулаб (otidiphaps nobilis) и го слушнале неговото „чврчорење“. Истражувачите ги поставија уредите на опишаните точки, верувајќи дека има помалку од 1% шанси да снимаат нешто.
„Откако го симнаа материјалот, почнавме да гледаме фотографии и снимки. Се воодушевивме кога ја видовме шарената птица како ’чврчори’ пред камера. Тоа е момент за кој сонувате цел живот како заштитник на природата“, изјави Џон Митермаер.
Истражувачите објавија и видео на кое го прославуваат својот голем успех, нагласувајќи дека тоа бил „најсреќниот момент во нивниот живот“, пренесува „Unilad“.
„Ова е како да пронајдете еднорог“, додаде Митермаер.
Патем, фазанскиот гулаб живее во тропските шуми на Нова Гвинеја. Препознатлив е по широката и странично набиена опашка, а видот е загрозен поради уништувањето на шумите. Неговото постоење првпат било документирано во 1882 година, а второто 140 години подоцна.