Среде гласините за развод, Лопез пристигна во САД и веднаш го посети Афлек

3480

Џенифер Лопез се врати во САД по неколку дена поминати во Европа.

Како што пишуваат американските медиуми, пејачката се вратила во Лос Анџелес и се упатила кон канцеларијата на својот сопруг, актерот Бен Афлек.

Прво ја посети канцеларијата на својот сопруг Бен Афлек, а потоа привлече внимание кога пристигна во студиото Парамаунт во Холивуд. Странските медиуми пишуваат дека изгледала „нервозно и напнато“.

Лопез била на одмор во Италија без сопругот, а Мирор објави дека и треба „време да размисли за бракот“.

Пејачката присуствуваше и на ревијата на Диор во Париз.

За време на нејзиното отсуство, Афлек влезе во жестока размена на навреди со папараците пред нивниот дом во Беверли Хилс. Никому не му се јасна врската помеѓу Лопез и Афлек и дали навистина е време за развод.

Јасно е дека нешто не е во ред со месеци. А, папараците ги следат 24 часа, па сигурно наскоро ќе ја „ископаат“ вистината.

Имено, светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат својата вила која ја купија пред една година. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм.