Помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков изјави дека Москва добила понуди од неколку земји да биде домаќин на разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Веќе добивме неколку предлози во врска со ова од различни земји. Нема да кажам за кои земји се работи. Но, такви предлози беа дадени и се даваат“, рече тој, одговарајќи на прашањето дали унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо ја предложиле нивната земја како платформа за преговори меѓу Путин и Трамп.
Ушаков рече дека Путин има намера да се сретне со сменетиот сириски претседател Башар Асад, кој доби политички азил во Русија, но се уште не се знае точиот датум на нивната средба.
На годишната прес-конференција на 19 декември, претседателот на Русија изјави дека е подготвен за разговор и средба со Трамп, нагласувајќи дека доколку се случи таква средба, двајцата претседатели ќе имаат за што да разговараат.
Потоа Трамп рече дека со нетрпение очекува да се сретне со рускиот претседател за да се реши конфликтот во Украина.