Средба на Руси и Украинци: Судбината на Црното Море „ќе се крчка“ во Анкара

140

Претставници на Русија и Украина оваа недела ќе одржат директни разговори во Анкара за безбедноста во Црното Море, објави Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на неименувани извори во турското Министерство за одбрана.

Турското Министерство за одбрана објави дека состаноци за безбедноста на Црното Море, по договорот за евентуален прекин на огнот меѓу Украина и Русија, ќе се одржат на 15 и 16 април во Главниот штаб на поморските сили.

Состаноците ќе се одржат во седиштето на турските поморски сили во Анкара, пренесува Russia Today.

За време на разговорите меѓу руските и американските експерти во Ријад кон крајот на март, беше договорено да се тргне во правец на заживување на Црноморската иницијатива за жито, која, според Кремљ, треба да вклучи укинување на западните ограничувања против Руската земјоделска банка и другите финансиски институции вклучени во меѓународната продажба на храна и ѓубрива.

Москва и Вашингтон го гледаат поморскиот прекин на огнот како чекор кон дипломатско решение на украинскиот конфликт.

Црноморската иницијатива за жито, првично посредувана од ОН и Турција во јули 2022 година, предвидуваше безбеден премин на украинските земјоделски производи во замена САД и ЕУ да ги укинат нивните ограничувања за рускиот извоз на жито и ѓубрива.

Москва се повлече од договорот една година подоцна, велејќи дека Западот не ги исполнил своите обврски.

ИЗДВОЕНИ