Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со неговиот колега, премиерот на Полска, Доналд Туск.
„Разговаравме за прашања поврзани со ЕУ, можноста да се одблокираат преговорите со Унијата, како и нашите позиции во однос на таквите напори. Разменивме мислења и за предизвиците со кои се соочува ЕУ, прашањето со Украина, како и искористувањето на можностите за продлабочена соработка меѓу двете пријателски држави“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Мицкоски кој во Брисел учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан порача дека очекува позитивни впечатоци и дека таму се да ги бранат македонските интереси, македонскиот идентитет.
„Истовремено да испратиме порака дека нашето место, што веќе неколку пати сме го потврдиле и го заслужуваме, е токму тука, да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија. Македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите“, изјави Мицкоски во видое-обраќањето.