Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамоски од Специјална олимпијада Македонија освоија сребрени медали на Светските зимски игри во Торино. Двајцата се натпреваруваа во дисциплината крос кантри – 50 метри – класична техника.

По успешните настапи во квалификациите, тие во финалињата ги освоија вторите места во своите групи и се искачија на победничкиот пиедестал.

Околу 1.500 спортисти од над 100 земји се натпреваруваат во 8 спортови на Светските зимски игри во Торино.

 

ИЗДВОЕНИ