Германскиот канцелар Олаф Шолц излезе од возот во Киев со сребрен куфер од марката „Римова“. Тоа привлече големо внимание кај новинарите, кои се прашуваа што носи германскиот канцелар ата канцеларка во неа.
Шолц откри дека во куферот носел прибор за патување и постелнина, како и други неопходни работи, пишува ТАСС.
Колку точно чини моделот на куферот што го носи Шолц не може со сигурност да се каже, но на веб-страницата на производителот може да се забележи дека цените се движат и до 50.000 долари!
Scholz in der #Ukraine eingetroffen. pic.twitter.com/34D8htKFiu
— Markus Preiß (@markuspreiss) December 2, 2024
Пред пристигнувањето во Киев, Шолц најави дека ќе обезбеди оружје во вредност од 650 милиони евра, што предизвика хумористични коментари на социјалните мрежи, од кои еден гласеше „дека можеби носел некое оружје во багажот“.
Шолц во понеделникот пристигна во Киев на преговори со Зеленски за воена и хуманитарна поддршка.