Македонскиот таеквондист и член на ТК Бутел, Теодор Стојановски, се закити со сребрен медал на Европското кадетско првенство во олимписко таеквондо, објави Македонската таеквондо федерација.
Во категоријата до 49 килограми, на првенството во Тирана, Албанија, Стојановски оствари три доминантни победи над Хараламбос Хаџимаврос од Кипар (2:0), Јарослав Вечирко од Украина (2:0) и над Шон Џита од Велика Британија (2:0) во полуфиналето, додека во финалето загуби од Нора Бранж од Франција со 2:0.