Германскиот хокеар Тобијас Едер (26) почина откако не успеа да ја добие најтешката битка во животот, со ракот. Минатата сезона ја освои шампионската титула со Ајсбирен Берлин, а потоа, додека траеше славењето во градот, на рутински преглед дозна дека има тумор на мозокот.

За жал, тоа беше малиген тумор. Уште тогаш лекарите му дадоа мали шанси и не помогна тоа што веднаш почна со хемотерапија. На почетокот изгледаше како да му помага лекувањето, дека има шанси да победи, но неговата состојба се влоши и, за жал, набрзо почина. Целата земја застана до него кога се дозна со каква болест се бори, сите ја следеа неговата состојба од ден на ден, но во средата неговото срце престана да чука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eisbären Berlin (@eisbaerenberlin)

 

 

ИЗДВОЕНИ