Србија окована со снег – воведен четврти степен на подготвеност

1396

Во поголем дел од Србија од вчера попладне врне снег. Најмногу го има во Бачка, Срем и Белград. Снег најмногу паѓа на западот од земјата, каде што е на сила црвен метео аларм. РХМЗ на Србија вчера пушти во употреба систем за пренесување СМС итни информации до граѓаните. На планината Рудник падна половина метар снег.

Во Белград од вчера не престанува да паѓа снег, а многу улици и важни патишта во главниот град се оковани со бела покривка. Освен што предизвика колапс во сообраќајот, тоа доведе и до пад на неколку дрвја, како и на дел од покривот на Дорчол.

На улиците се само оние кои мораат, но со целосна опрема. Поради обилните снежни врнежи во цела Србија, не само во Белград, на сила е предупредувањето од РХМЗ и се препорачува да не се излегува надвор освен ако е апсолутно неопходно.

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта предизвикаа големи проблеми во сообраќајот и низ Западна Србија. На Златибор и Голија наврнаа околу 40 сантиметри нов снег, а беше воведен четврти степен на подготвеност.

– Сите надлежни екипи се во готовност, снегот се расчистува според приоритети. Ситуацијата е тешка. Сите патни правци низ Златибор и Златар во моментов се проодни за патнички возила, а забрана за сообраќај е на сила за товарните. Патиштата се чистат според приоритетите – изјави за РИНА Ален Мушановиќ од Патишта Ужице.

Она што уште повеќе им ја отежнува работата на патниците е тоа што снегот не престанува да паѓа.

„Ние сме во четврто ниво на подготвеност. Тоане се случило во последните пет години. Целата тешка механизација и расположливите единици се испратени на терен. Во градот има околу 30 сантиметри снег, а на планините и до половина метар, изјави Витомир Арсовиќ од Путеви Ивањица.

Во текот на ноќта снег падна и во другите градови и општини во Западна Србија. Сите патни правци на територијата на Чачак во моментов се проодни.

Се повикуваат возачите да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема.

ИЗДВОЕНИ