Србија ќе добие селектор од Норвешка

30

Поранешниот ракометен тренер и аналитичар од Норвешка, Бент Дал неофицијално е тренерот кој има најголеми шанси да биде новиот селектор на женската репрезентација на Србија.

Норвежанецот во тренерски води е од 2007, а во посериозен проект влезе во 2015 како селектор на Италија каде се задржа една година. Потоа како асистент тренер продолжи во унгарскиот Шофок, каде што стана и прв тренер во 2020. Потоа ја водеше екипата на Влчеа, а и женската репрезентација на Чешка.

Србија по настапот на Европското првенство годинава, се раздели со Словенецот Урош Брегар, а веднаш потоа во националниот тим се вратија Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.

ИЗДВОЕНИ