„Срам и арам! На ваков тажен ден, кога цела земја плаче, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила“

334

Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ објави снимка од пред салата, каде што според него, се одржува настан за дрифтање со 300 возила.

„Срам и арам! На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот”. При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски”. Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам! Благодарност до МВР и ПС Карпош за брзата реакција и растерување на овие несовесни граѓани, по пријавата од мене како директор на СЦ „Борис Трајковски”. Апел до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да се однесуваме најчовечки. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостоловски.

ИЗДВОЕНИ