Општина Ѓорче Петров почна со поставувањето нов спортски терен со вештачка трева на вкупна површина од 800 квадратни метри, во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“.
– Како никогаш досега, ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации. Се работи за историски најголем инвестициски циклус на Општината во објекти за спорт – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додаваат досега се изградени: детски фудбалски терен на улицата „Македонска војска“, нов терен со вештачка трева во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“, нов мултифункционален терен во ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“, тартан подлоги во спортските центри „Геге“ и „Бранители“ и дека се гради спортска сала во Хром.
Освен тоа, од Општината најавуваат дека до крајот на наредната недела ќе биде поставена вештачка трева и на спортскиот терен во дворот на ООУ „Мирче Ацев“.