– Спортската сала „Расадник“, местото каде што се роди ФК „Вардар“, ќе блесне во боите на македонскиот бренд – црвено-црна и повторно ќе биде место каде што ќе се собира народот и каде што ќе се нижат нови и успешни спортски имиња како во минатото. Таа повторно ќе биде гордост на Скопје и на Македонија – напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Тој информираше дека се одвиваат градежните активности со одлична динамика и, како што истакна, за брзо време отсега, вардарци ќе се вратат дома, каде што и припаѓаат.