EPA-EFE/TOMS KALNINS

Пред неполн месец цела спортска јавност беше изненадена од одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да пушти спортист на Игрите во Париз, кој во минатото силувал 12-годишно девојче, за кое одлежа затворска казна од четири години.

Оваа вест неодамна ни пристигна од Холандија, каде нивниот репрезентативец е ставен на списокот за Париз, а сега се огласија и од ИОК. Имено, од таму, соопштија дека нема никаква улога во одлуката на холандската одбојка да избере осуден силувач за Олимпијадата, што наиде на остри критики во јавноста.

Стивен ван де Велде беше осуден на четири години затвор во Британија, во 2016 година, откако две години претходно силувал 12-годишно девојче, кога имал 19 години. Откако таму отслужи дел од казната, тој беше префрлен во Холандија и казната му беше приспособена на стандардите на холандското право. Ван де Велде повторно реши да се натпреварува во одбојка на плажа од 2017 година, а минатиот месец се најде на списокот на холандскиот олимписки тим.

  • Назначувањето на поединечни членови на тимот, по квалификациите на теренот, е единствена одговорност на секој национален олимписки комитет, рече портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет.

Ниту Ван де Велде, ниту тренерот на холандската олимписка одбојкарска репрезентација на плажа не беа веднаш достапни за коментар.

Изборот на спортисти за Олимписките игри зависи од секој национален олимписки комитет, иако ИОК испраќа поединечни покани по националните номинации. ИОК има право да не издава покани или да ги повлече пред или за време на Олимписките игри на оние спортисти на кои не им е местото таму, но за Ван де Велде немаше таква одлука.

Така, ИОК одби да издаде покани за Игрите во Париз на некои руски и белоруски спортисти кои ги исполнија критериумите за квалификации по процесот на проверка поврзан со нивната активна поддршка за војната во Украина или врските со руската војска. Некои спортисти и групи за човекови права се спротивставија на одлука на ИОК во врска со Ван де Велде.

  • Присуството на Ван де Велде во холандскиот олимписки тим целосно не ги почитува и обезвреднува преживеаните жртви на неговите злосторства. Неговото учество испраќа порака до сите дека спортскиот дух го победува злосторството, истакна Кејт Сери, коосновач и директор на Kyniska Advocacy, кој работи на заштита и почитување на жените во спортот.