EPA/JUSTIN LANE

Кога веќе нема возбудувања на патеката, главна тема деновиве во светот на Формула 1 е врската на Ралф Шумахер, братот на легендарниот повеќекратен шампион, Михаел, со маж, откако реши јавно да признае дека е геј со неколку објави на својот Инстаграм-профил.

Германецот го претстави својот партнер во јавноста и на тој начин го шокираше светот. Но, тој не е единствениот спортист кој во минатото признал дека е хомосексуалец. Во оваа група на спортисти, кои собрале доволно храброст да се појават во јавноста и да ја признаат својата сексуална определба, притоа истата да биде од нивниот пол, имало многумина, а меѓу нив се и неколку познати имиња, односно легенди на своите спортови. Токму затоа, ќе ве потсетиме на дел од нив.

EPA/MICHAEL NELSON

Џејсон Колинс

Овој кошаркар помина 13 сезони во НБА лигата, но повеќе ќе остане запаметен по она што го направи надвор од теренот. Во ексклузивното интервју за „Sports Illustrated“ во 2013 година, Колинс откри дека е геј, со што стана првиот активен играч во САД што го признал тоа. Она што е интересно е дека на овој начин дознала и неговата вереница и девојка со која беше во врска осум години, кошаркарката Каролин Мос.

Од јуни 2014 година, Џејсон се забавува со продуцентот Бронсон Грин и го носеше бројот 98 на неговиот дрес во чест на студентот геј Метју Шепард кој беше убиен во злосторство од омраза во 1998 година.

Мартина Навратилова

Една од најдобрите тенисерки во историјата на белиот спорт ќе остане запаметена како првата тенисерка која јавно признала дека е бисексуалка во 1981 година откако добила американско државјанство. Во тоа време таа беше во врска со Нени Либерман, а потоа од 1984 до 1991 година се забавуваше со Џуди Нелсон.

Денеска е во брак со Јулија Лемигова со која се венча во Њујорк на 15 декември 2014 година, а ја запроси малку порано на САД Опен. Тие се запознале во париски геј бар пред 18 години.

Во нејзината автобиографија објавена во 1985 година, таа напиша дека „никогаш не ни помислувала дека ќе стане лезбијка“.

Су Бирд и Меган Рапино

Веројатно најпознатата лезбејска спортска двојка ја сочинуваат овие две американски кошаркарки. Оваа спортска двојка ја започна својата врска во 2016 година по средбата на Олимпијадата во Рио.

Су Бирд е една од најдобрите кошаркари на сите времиња. Успешната кариера ја заврши во 2018 година и дотогаш четири пати го освојуваше златниот олимписки медал, четири пати стана светски шампион и три пати беше шампион во ВНБА, додека Рапино двапати беше светски шампион и освои еден златен олимписки медал. И двете се врвни спортистки, поради што нивната врска доби на значење.

Томас Хицлшпергер

Веројатно најпознатиот фудбалер кој јавно призна дека е геј е токму Хицлшпергер. Играше за германската репрезентација и беше еден од најдобрите дефанзивци во светот играјќи за Штутгарт. Тој пет години играше за популарните „шваби“ каде и денес работи како спортски директор. Германскиот репрезентативец кариерата ја заврши во 2013 година и дури тогаш му се сврти животот. Тој излезе во јавноста и призна дека е геј, а дури тогаш стана јасно зошто ја остави својата долгогодишна девојка Инга само еден месец пред закажаната свадба во 2007 година. Како што кажа и самиот, сфатил дека има поинакво мислење и решил да го сподели со јавноста.

Јан Торп

Топр е еден од најуспешните пливачи во историјата на овој спорт. Доминацијата која ја имаше популарниот „Торпедо“ не беше забележана до појавувањето на Мајкл Фелпс. На Олимписките игри во Сиднеј беше најуспешен спортист на натпреварувањето со три злата и две сребра. На само 14 години почна да ја претставува Австралија на натпревари и стана најмладиот светски шампион. Границите кои ги помести беа недопирливи долго време, се до појавата на Фелпс, кој собори многу од тие рекорди. Австралиецот долго време се криеше и негираше дека е геј, а потоа во 2014 година реши се да признае.

  • Удобно ми е да кажам дека сум геј. Не сакам луѓето да се чувствуваат како јас. Може да станете пријатни со тоа што сте отворено геј. Му кажувам на светот дека сум геј за да им олеснам на другите да се отворат, ако молчеше со години, сега ќе ти биде многу полесно, порача во тоа време Торп.