Страшна сцена се случи во Тајланд кога 30-годишен британски боксер загина за време на неговиот деби настап во тајландски кик-бокс.
Несреќата се случила на стадионот Муај Таи на островот Кох Самуи, во провинцијата Сурат Тани, за време на борбата што се случила во петокот доцна навечер. Според извештаите, судијата ја прекинал борбата во третата рунда откако борецот добил силен удар во десната страна од градите.
Иако успеал да стане и да ги извади ракавиците, само неколку моменти подоцна ненадејно колабирал. Лекарите веднаш реагирале, но за жал, не успеале да го спасат – првичните информации укажуваат на ненадеен срцев удар.
Тајландскиот бокс, познат и како „уметноста на осумте екстремитети“, е една од најопасните боречки вештини, а низ историјата имало голем број на смртни случаи поврзани со него. Иако е исклучително популарен ширум светот, ризикот што го носи за оние кои влегуваат во рингот никогаш не е занемарлив.