Спиењето со затворена уста е хит кај фудбалерите

47

Со цел останат во најдобра форма, фудбалерите користат низа идеи кои ги применуваат надвор од зелениот терен и од тренинг центарот. Една од тие идеи е спиењето со леплива лента преку устата, а тој метод редовно го користи норвешкиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Веќе некое време виралниот тренд е „главен“ и во Премиер лигата, пишува givemesport.com. Лепливата лента над устата го условува дишењето преку нос за време на спиењето и влијае на физичката подготвеност на играчот.

Лепливата лента преку устата му помага на Халанд да го забави дишењето, да спречи суво грло и да го намали бројот на несакани честички што влегуваат во телото. Освен тоа, телото на тој начин ја развива навиката да дише низ нос, што добро влијае на крвотокот и мускулите за време на спортувањето, напиша Ас.

Експертите и претходно предупредуваа за овој тренд, а некои лекари го нарекоа најопасниот за кој слушнале неодамна. Апнеја, опасност од задушување во случај на затнат нос и можност за задушување доколку некој повраќа се некои од опасностите.

Појавувајќи се во подкастот на Логан Пол, норвешкиот напаѓач призна дека ги користи сите трикови за да биде целосно фит.

“Движење, тренинзи, биомеханика, правам сè за телото да работи оптимално. Најважен е сонот”, изјави напаѓачот и му кажа на Пол да ја залепи устата за време на спиењето: “Обидете се да го правите тоа. Зошто да не? Или додека тренирате. Ќе ви биде малку потешко. Јас го правам тоа, така спијам”.

„Ако вашиот нос е блокиран (затнат, алергии) или имате проблеми како девијација на септумот, лепењето на устата може да доведе до сериозни проблеми. Замислете да се будите среде ноќ и да не можете да дишете. Тоа не е баш убав сон за кој се надевавте“, е коментарот на еден лекар кој дава извештаи за оваа тема.

ИЗДВОЕНИ