Жешка сезона за мегапопуларната пејачка! На аеродромот во Дубаи била пречекана како вистинска ѕвезда од типот на Шакира, која на Таировиќ ѝ е воедно миленичка. Пред одржувањето на концертот Теа своето слободно време го поминува на песочните плажи. Сексапилно позира во минималното црвено бикини!
Една од најпопуларните и воедно најзгодни пејачки на Балканот, не само што се подготвува повторно наскоро да пее кај нас во Македонија, деновиве праќа грст одушевувачки пораки од луксузниот Дубаи, од Арапските Емирати. Иако и самата го испеа големиот хит „Одам во Дубаи“, Теа дури сега навистина замина во овој град со „милион спектакли“. Токму таков еден спектакуларен концерт ќе има деновиве за голем број специјално поканети гости, бизнисмени, како Арапи, така и за оние од поранешните југословенски простори.
По настапот на фолк-ѕвездите Цеца Ражнатовиќ и Харис Џиновиќ, а се најавува и настап на нашиот репер Слаткар во Дубаи, згодната Теа исто така стана голем предизвик за тамошната музичка сцена. Пред одржувањето на концертот за кој наголемо се зборува низ арапските медиуми, Теа своето слободно време го поминува на песочните плажи, каде што летото трае преку целата година. Сексапилно позира во минималното црвено бикини кое одлично го истакнува нејзиното згодно тело. Познато е дека пејачката е воедно и професионална танчарка.
Нивните новинари пишуваат дека на аеродромот во Дубаи била пречекана како вистинска ѕвезда од типот на Шакира, која на Таировиќ ѝ е воедно миленичка. Како и да е, Теа е од оние кои со својата појава креваат медиумски прав. Информациите за неа велат дека нејзиниот роден град е Нови Сад, дека сега на 26 април ќе го слави својот роденден, а родена е во 1996 година. Ќерка е на ТВ- водителката Божица Малевиќ и академскиот сликар Зоран Таировиќ. Нејзината баба од страна на таткото починала во НАТО-бомбардирањето на тогашната СР Југославија, кога ѝ била уништена куќата. Теа танцува од својата тригодишна возраст, кога започнала да посетува балетско училиште, а потоа го освоила второто место на Светското првенство во стандардни и латиноамерикански танци.
Матурирала во гимназијата „Светозар Марковиќ“, а подоцна се запишала на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Со изјавите дека нема намера да студира психологија бидејќи уште од детството сонувала да стане пејачка, предизвика многубројни контроверзни коментари. Скопје уште го памти нејзиниот спектакуларен концертен настап кога во салата „Јане Сандански“ немаше каде ниту игла да падне, од што на едно место Теа успеа да собере армија свои македонски фанови.
За ова лето тоа истото треба да се повтори, само што по сè изгледа Теа ќе пее на некои од ексклузивните локации долж охридскиот езерски брег. (Д.М.) фото:приватна архива-Инстаграм