Спектакуларниот перформанс на команијата „UCSB“ од Санта Барбара, Калифорнија – “Рефракции – гласови на светлината и темнината” македонската јавност ќе има можност да ја прослеи на 30 април во Младинскиот културен центар. Впечатлив мултимедијален перформанс, кој содржи шест кратки привлечни танцови парчиња, од кои секоја нуди посебна уметничка перспектива. Засилени со светлосни проекции, видео и визуелни наративи, овие изведби ги поместуваат границите на современиот танц.
Истата вечер ќе бидат извеени и две кореографии на Адријана Данчевска Ровчанин со Скопје Танцовиот Театар 2, во кој учестуваат и студентите на катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев Штип.
Студентитемпа, ќе присуствуваат и на заеднички час и работилница, што отвара многу можности за идни соработки помеѓу универзитетите.