Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во Доха, што е негов прв турнир откако се повлече од Австралија опен поради повреда. Непосредно пред почетокот на турнирот имаше интересна увертира. Тој играше тенис со Карлос Алкараз, но под посебни услови. Се играше на песок додека јаваа на камили. Навистина нешто што досега не е видено.
На социјалните мрежи беше објавен краток клип од целиот настан и се очекува во наредниот период да објавуваат значително повеќе. Она што може да се види е дека Новак и Карлос уживале во сето тоа. Сигурно не можеле да замислат дека ќе играат тенис на камили
Интересно е и тоа што Ѓоковиќ и Алкараз се во иста половина од ждрепката во Доха. Поради суспензијата на Јаник Синер дојде до промени во „костурот“. И покрај сите тие потези немаше среќа, па можно е да се соочат во полуфиналето. На стартот на турнирот Србинот игра против Матео Беретини (Италија), додека ривал на Шпанецот е Марин Чилиќ (Хрватска).
Novak and Alcaraz play tennis on the beach 🎾🐪 pic.twitter.com/Dmq5Fwphrb
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) February 16, 2025