Спасена трудница од завеан град во Хрватска – ИЗВЛЕЧЕНА СО БЛЕК ХОК ХЕЛИКОПТЕР

37

Денеска со здружени сили на пилотите на хрватското воздухопловство и тимот на Хрватската планинска спасувачка служба, од градот Крбава кај Удбина во Загреб била пренесена бремена жена, бидејќи сите правци на патување биле покриени со снег.

Пилотот на хеликоптерот „Црни Јастреб“ изјави дека трудница била спасена со итен лет во зимски услови и затоа ова е најубавиот подарок за Божиќ што можел да го добие целиот хеликоптерски тим.

– Веднаш откако го добивме барањето за извлекување трудница од место изолирано за сообраќај, поради сложена метеоролошка ситуација, со силен ветер, ниска облачност и снег, знаевме дека ќе биде напорно. Но, за успешно извршување на задачата придонесе интензивната обука на екипажот на хеликоптерот Блек Хок УХ-60М како и знаењето за користење на хеликоптерскиот систем – изјави пилотот на хеликоптерот на хрватското воздухопловство.

Како што пишуваат хрватските медиуми, хеликоптерот полетал од базата во Лучко кон градот Крбава, каде што била пренесена бремената жена и назад во Лучко, каде екипа на итната помош од Загреб ја пренела пациентката.