Спасен Силјановски за 8 март, по операцијата, “к’o нов“ ќе пее во Радовиш

120

Популарниот македонски фолк-пејач и водител на ТВ-емисијата „Везилка“, Спасен Силјановски, деновиве имаше сериозен здравствен проблем. По сложената операција, која фала му на Бога заврши одлично, пејачот безгрижно закрепнува и од (засега) болничка постела, порачува дека е “к’о нов”!

Насмеан и расположен, дури и нестрпливо се подготвува за првиот настап по излегувањето од болницата. Тоа ќе биде сега за 8 март во Радовиш.

Тој гордо истакнува дека покрај здравјето најголемото богатство му се сопругата Ана Сиљаноска и децата, ќерката Мила и синот Арсениј. За богатство ја смета и својата публика која и го вивна Спасен во врвот на македонската естрада. Секако дека смета и на новинарите и медиумите кои му се десна рака во работата.

Здрав и жив да си ни, Спасен, и само гордо со крената глава. Животот е еден!!!   Д.М.

 

 

ИЗДВОЕНИ