Од Град Скопје јa поздравуваате разумноста на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за која како што велат се надеваат оти е искрена и во насока на одблокирање на процесите во градот Скопје.
При тоа, повторно апелираат, премиерот Мицкоски да ги вразуми советниците во Советот на град Скопје да не тераат инает и уште веднаш на следната седница да ја изгласаат програмата за работа на Комуналма Хигиена која, како што нагласуваат седум месеци досега одбиваат да ја донесат.
– За прв пат во градот Скопје по 30 години Комунална Хигиена нема програма за ангажирање на сезонски работници кои се задолжени за одржување на градската хигиена и чистота на градот само поради инаетот на советниците од мнозинството – соопштија од Град Скопје .
При тоа, нагласуваат, Мицкоски да ги вразуми советниците да го изгласаат и планот за набавка на нови еколошки автобуси.
-Апелираме до премиерот, кога веќе освои апсолутна власт, да ги одблокира претпријатијата кои досега беа блокирани од членовите на Управните одбори од неговата партија. Доколку е потребно, Град Скопје е подготвен да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата со единствена цел – граѓаните да добијат град каков што заедно градоначалничката Арсовска и премиерот Мицкоски ветија во 2021 година – наведуваат градските власти.