„Dr.Sour Zoo Fest“ за 97 години постоење

1019

Утре, со почеток од 12 часот, Скопската зоолошка градина која е и најстара  на Балканот, прославува 97 години од постоењето.

По тој повод таа приредува забава „Dr Sour Zoo Fest“ на која ќе учествуваат жонглери, акробати, едукативна работилница, а ќе има и   слатки задоволства – подароци за најмалите посетители.

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година, од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман, биолог и доктор по зоологија од Сараево. Истата 1926 година е предложено денешното место за локација на Зоолошката градина.

Во тоа време, таa опфаќала четири хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни, кои претежно биле добиени како подарок од други зоолошки градини и поединци од Балканот и Европа. Во исто време биле отворени и Природно-научниот музеј, кои до извесен период функционирале како една организација, биле изградени и Градскиот парк и Ботаничката градина.

Со ова, Скопје станал првиот град во тогашните Балкански простори, кои имале ваква природно-научна и зоо структура.