Состојба на катастрофа во Германија: Пукнаа две брани, околу 85.000 луѓе се во опасност од поплави

232
EPA-EFE/RONALD WITTEK

Областа Фафенхофен ан дер Илм е само една од единаесетте области во Баварија кои прогласија состојба на катастрофа поради невидени поплави во областа. Како што пренесуваат германските медиуми повикувајќи се на извештајот на ДПА, во неделата пукнале две брани во областа Фафенхофен, а во поплавата се удавил 42-годишен пожарникар.

Како што пишува Bayerischer Rundfunk, околу 85.000 од вкупно 130.000 жители на тој округ се „во акутна итна ситуација“.

Според БИЛД, стотици, ако не и илјадници луѓе морале да бидат евакуирани или доброволно да ги напуштат своите домови.

Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА.

Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку што обично паѓаат во текот на еден месец, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (ДВД).

Во градот Кислег во југозападната покраина Баден-Виртемберг се регистрирани 130 милиметри дожд само во петокот, информира ДВД. Регионот вообичаено регистрира 118 милилитри дожд во овој период од годината.

Во Бад Ворисхофен во соседната држава Баварија, 129 милиметри дожд паднале во рок од 24 часа, во споредба со месечен просек од 101 милиметри.

Слични вредности се пријавени низ целиот регион.