На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како Брузевиц се обидува да остане на нозе, додека очните капаци полека му паѓаат. Набрзо губи рамнотежа и паѓа, повлекувајќи ја говорницата надолу со себе. Неколку присутни веднаш притрчале да му помогнат.
Сè уште не е позната причината зошто му се слоши на Брузевиц, а неговите соработници подоцна известија дека неговата состојба е стабилна и се опоравува.
„Разговарав со нашиот пријател Алекс Брузевиц и знаеш што ми кажа? Ме праша: „Дали барем изгледав кул?“ – рече Рахим Касам, поранешен помошник на Најџел Фараж, обраќајќи им се на присутните. „Му реков: „Алекс, ја искористи гравитацијата на начин на кој никој досега не ја користел гравитацијата“, додаде тој на шега.
По инцидентот се огласи и Доналд Трамп кој изрази уверување дека Брузевиц брзо ќе закрепне.
„Знам дека Алекс ќе биде добро бидејќи е силен. За тоа нема сомнеж. Затоа сакам да го поздравам Алекс, бидејќи тој е навистина посебен човек“, рече Трамп, пренесе Newsweek.
Wow, this guy Alex Bruesewitz just passed out at the lectern. pic.twitter.com/ClnMaV6OXq
— Monique (@hostofthings) December 16, 2024