„Оваа година, дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез-оркестар ќе содржат дела на овој истакнат ликовен уметник со меѓународна кариера. Неговото творештво се движи во границите на постекспресионизмот, а импровизацијата и слободата на изразувањето се едни од главните одлики на џез-музиката, па веруваме дека вкрстувањето на нашиот сроден сензибилитет неминовно ќе вроди со плод“, велат од Националниот џез-оркестар

„Јас сум сликар, кој често патува и сонува низ светот, вкрстувајќи ги четките и насочувајќи ги своите потези кон сонцето. Светот е моето ателје. Мојата творечка припадност е стилот на постекспресионизмот, а тоа е бесконечна слобода на изразувањето. Звукот е мојот партнер при создавањето. Особено џезот, оти кога сликам, јас импровизирам – неслучајно велам дека сликам како џез-музичар“, вели еминентниот македонски уметник Сергеј Андреевски.

Токму со оваа изјава на академскиот сликар Националниот џез-оркестар најавува една интересна соработка.

„Оваа година, дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез-оркестар ќе содржат дела на овој истакнат ликовен уметник со меѓународна кариера. Неговото творештво се движи во границите на постекспресионизмот, а импровизацијата и слободата на изразувањето се едни од главните одлики на џез-музиката, па веруваме дека вкрстувањето на нашиот сроден сензибилитет неминовно ќе вроди со плод“, велат од Националниот џез-оркестар.

Инаку, Сергеј Андреевски (1960, Скопје) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1985 година. Во текот на својата кариера, добитник е на повеќе стипендии за студиски престој во странство, меѓу кои може да се издвојат оние во: Рим („Галерија ди арте модерна“, 1987/1988); во Нирнберг во 1991 година; во Архус, Данска; „Cité des Arts Internationale-Paris“ во Франција; „Acme Art Studios“ во Вилмингтон, САД; „Asolare Fine Arts Foundation“ во Лексингтон, САД; „Imadate“ во Јапонија; „Pi Artworks“ во Истанбул, Турција; „Cromarty Arts Trust“ во Кромарти, Шкотска; „In Situ“ во Александрија, Египет; „Al Maken“ во Тунис и други.

Андреевски има реализирано над 60 самостојни претставувања ширум светот, меѓу кои: изложбата „Неизложени дела на хартии“; Општинска галерија REMEZZO во Каламарија, Солун, Грција; АЗБУКА, Народен музеј „Конак Кнегиње Милице“, Белград, Србија; Имадате, Јапонија – Музеј на современа уметност; изложби во Фетвил (Fayetteville), Северна Каролина, САД – Музеј на модерна уметност; Париз, Франција – Cité des Arts Internationale ; Њујорк, САД – Lincoln Centre, „Cork Gallery at Avery Fisher Hall“; Франкфурт на Мајна – LHB Bank, Gallery „New Europe“; Салзбери (Salisbury), Северна Каролина, САД – „Waterworks Visual Arts Center“, како и бројни изложби во земјава. Бил дел и од над 200 групни претставувања ширум светот. Основач е на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт – Гумно“, со седиште во с. Слоештица, каде што е и куратор на Меѓународната уметничка резиденција и колонија, која успешно се реализира од 2003 година. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Неговите дела се дел од поставките на државни институции, музеи и приватни колекционери ширум светот.

Легенда за двете слики: Акрилик на платно, посветени на Мајлс Дејвис, кои датираат од почетокот на циклусот „Џезери“, околу 2008/2009 год.

ИЗДВОЕНИ