Сопругата на Брус Вилис објави емотивно видео: “Најважно е што знае дека е сакан“

257

Ема Хеминг Вилис, сопругата на Брус Вилис, објави емотивно видео на својот Инстаграм профил на кое се гледа Брус со нивната најмлада ќерка Евелин.

Во видеото Брус ја носи ќерката на раменици и шета по улиците, додека девојката ужива.

Во описот на видеото, Ема напиша: „Најдоброто место за седење“.

Споделеното видео, според Дејли Мејл, е снимено во 2019 година, пред на актерот да му биде дијагностицирана афазија, а подоцна и со фронтотемпорална деменција. Oвој трогателен момент предизвика емоции кај обожавателите на Брус.

„Најважно е да знае дека е сакан“, „Ова е убаво и во исто време срцепарателно“, „Спомените можат да бидат утешни и болни во исто време“, беа дел од коментарите.