Сопругата и ќерката на газдата на „Пулс“ од вчера се на распит во полициска станица

328

Продожува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на информативен разговор се повикани ќерката и сопругата на сопственикот Дејан Јованов – Деко, објави Канал 5. Во врска со пожарот во дискотеката се конфискувани 5 мобилни телефони.

Според медиумот токму ќерката на Деко ја подигнала лажната лиценца во Министерството за економија.

Полицијата утрово врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.

Како што соопштија од ОЈО, во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

ИЗДВОЕНИ