Поранешниот шампион во кик-бокс, Бадр Хари, се најде во центарот на голем скандал откако претходната ноќ ја помина зад решетки во затвор во Амстердам.
Според локалните медиуми, Бадр Хари бил пријавен за семејно насилство од неговата поранешна сопруга. Сè се случило пред станот во кој живее неговата поранешна сопруга, со која Хари има пет деца. Добрата вест е што зградата е обезбедена со безбедносни камери и дека сите видеоснимки ќе бидат достапни во текот на процесот.
Хари, кој со години е едно од најпознатите имиња во кик-боксот, и претходно имал проблеми со законот за насилничко однесување, вклучително и физички пресметки надвор од рингот. Еднаш беше уапсен поради учество во улична тепачка во 2012 година.
Иако веќе неколку години е надвор од своето препознатливо ниво, вистинското прашање е како новиот скандал ќе се одрази на кариерата на Бадр Хари. Последниот натпревар го имаше во 2023 година.