Ми велеше дека нема да се дрогира, но тоа му траеше до пладне

220

Поранешниот англиски рагбист, Дени Сипријани, во ноември минатата година откри дека се разведува од сопругата Викторија Роуз, по речиси три години брак. Викторија нашла одредени пораки на неговиот мобилен телефон, што довело до нивна разделба. Сега, речиси девет месеци по раскинувањето, Викторија поднесе барање за развод.

Во интервју за „Сан“, таа зборуваше за неговата зависност од дрога, за пораките што тој им ги испраќал на други жени и за неговата нова девојка. Таа рече дека Дени троши околу 600 фунти месечно на дрога. Рагбистот и претходно призна дека користел кокаин и разни наркотични средства и откри дека користел „волшебни печурки“ поради кои своевремено беше убеден дека Викторија „се обидува да го убие“.

  • Ми се гади од тоа. Почна да ме мачи. Секој ден велеше дека нема да се дрогира, но тоа му траеше до пладне, започна Викторија.

Како што вели таа, Дени јадел чоколади во кои имало магични печурки, а никогаш не знаела дали е дрогиран или не, со оглед на тоа дека кога бил дрогиран функционирал сосема нормално.

  • Еден ден тој зеде големо количество и лежеше на подот. Мислев дека можам да му помогнам и тој рече дека сака да престане да се дрогира. Дени исто така земаше многу лекови и решив дека е време за разделба, додаде Вики.

Нивниот брак тргна во надолна линија откако ги забележала пораките што тој им ги испраќа на другите жени. Пред тоа била загрижена за неговата блискост со жени на еден настан, по што му го проверила и телефонот.

  • Бев шокирана, ми го скрши срцето. Пораките не беа страшни, но им кажуваше на другите жени дека се убави, им кажуваше за врската што ја чувствува со нив. Тоа не е нешто што сакате да го прочитате, вели Роуз.

Тогаш двојката ставила крај на бракот, а Дени насилно излегол од куќата. Тој ги извести своите следбеници на Инстаграм за разводот.

  • Јас и Викторија седнавме и се договоривме да се разделиме по четири години брак. Иако поминавме прекрасно заедно, сфативме дека секој треба да тргне по својот пат и иако ова е тажна вест, ова е и ново поглавје за двајцата во нашата потрага. Им посакувам на Викторија и на нејзините деца само најдобро, се вели во објавата.

Набрзо се иселил од нивната заедничка куќа и не поминало долго пред да ја најде новата девојка, Аналин Мекорд.