Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер (26) загина во лавина во планинското одморалиште Ароси, соопшти Швајцарската скијачка асоцијација. Најавено е и дека натамошните информации за нејзината смрт ќе се чуваат во тајност, бидејќи тоа е во договор со семејството.
Сноубордерката учествуваше на Олимписките игри 2022 година во Пекинг, а минатата зима, во сезоната 2023/24, обезбеди два подиума во Светскиот куп. Нејзиниот најдобар резултат беше второто место во Сент Мориц 2024 година во јануари, за време на генералната проба за Светското првенство во 2025 година.
Во понеделникот, полицијата објави дека сноубордерка загинала во лавина додека била надвор од патеката со друго лице. Додека младата Хедигер се спуштала, ја фатила лавина, веднаш биле известени службите за итна помош, но девојката било лоцирана два часа подоцна.