Полицијата во Књажевац приведе четириесет и едногодишна жена која возејќи под дејство на алкохол предизвикала сообраќајна незгода, соопшти денеска Полициската управа на тој град.
Таа управувајќи автомобил рено со 1,98 промили алкохол во телото, удрила во Пасат паркиран покрај патот, по што побегнала.
Осомничената е приведена и против неа ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.