Сообраќајот кај Миравци-Демир Капија ќе се одвива по една коловозна лента

21

На патниот правец А1, на делницата Миравци – Демир Капија, од 11.00 часот сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента во должина од еден километар поради изведување на градежни работи на пат, (расчистување на одрон).

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ИЗДВОЕНИ